• Сподели на:

Необични маски за коса чудотворни за побрз раст

___

Веројатно сте испробале дузина маски за коса подготвени на база на маслиново масло, јајца, авокадо, различно популарно сезонско овошје или зеленчук. Овие маски за коса, гледајќи во нивниот состав, можеби ќе ви изгледаат чудно, но се чудотворни за забрзано растење на косата.

Пробајте ги овие проверени совети.

maska 4

Маска од кромид

Главица кромид исечкајте ја ситно потоа изблендирајте ја. Потоа, кромидот нанесете го на коренот на косата, ставете капа за туширање, па врз неа некоја топла капа или пешкир. Оставете да делува еден час, а потоа косата исплакнете ја на вообичаен начин. Третманот се повторува секоја недела во следните 3 месеци.

maska 1

Маска од сенф

Нанесете сенф на коренот на косата, па ставете капа за туширање, па преку неа топла капа или пешкир. Оставете да делува 30 минути, потоа исплакнете ја косата со шампон. Третманот повторувајте го еднаш неделно во следните 2-3 месеци.

maska 2

Маска од мелена пиперка

Измешајте 1 голема лажица мелена пиперка, 1 лажица врело рицинусово масло и 1 лажица регенератор за коса.  Смесата нанесете ја на коренот на косата, па ставете капа за туширање, па преку неа топла капа или пешкир. Оставете да делува еден до два часа, потоа отстранете ја со шампон. Повторувајте го третманот еднаш неделно во наредните 3 месеци.

 


Оставете коментар

___