• Сподели на:

Неколку начини како да ја одржувате омбре косата убава и здрава

___

Омбре техниката на бојадисување коса сè уште е популарена, но додека познатите холивудски девојки на нивните слики секогаш изгледаат убаво и средено, вам ви требаат часови за да изгледате така совршено.

Познатите ѕвезди имаат свои стилисти кои се грижат за нивните коси, но вам може да ви бидат добредојдени неколку совети за тоа како да го задржите убавиот и здрав изглед на вашата коса:

1. Маска, маска, маска

Некои девојки ретко нанесуваат маска за коса, но ако имате направено омбре третман, маската мора да ви биде задолжителен дел од секое миење. Во случај да се најдете во момент кога ви е потрошена и не можете да купите, изматете една жолчка од јајце и една лажица маслиново масло. Нанесете ја мешавината на обоениот дел, оставете ја да делува околу 10 минути и убаво исплакнете.

2. Употребувајте квалитетно масло или регенератор кој не се измива

Важно е врвовите да ги одржувате свежи и од едно до друго миење. Во тоа може да ви помогне маслото за коса или балзамот кој се нанесува и не се измива. Нежно поминете по врвовите и вратете им го сјајот.

3. Не дозволувајте светлиот дел од косата да ви стане портокалов

Ако сакате врвовите да ви имаат боја на ванила, а не на морков, тогаш купете си професионален виолетов шампон кој го „убива“ црвениот пигмент.

4. Внимавајте на обликот и фризурата

Омбре техниката изгледа одлично на убава и негувана коса и одлично се вклопува во многу гламурозни фризури кои може да се направат со долгата коса. Но, ако ја оставите косата да виси како да ви се исушила, сигурно нема да ви се допадне и нема да ви завидуваат на изгледот.


Оставете коментар

___