Честото четкање на косата, сушењето со фен, виткањето со фигаро и исправањето со пегла за коса ја прават вашата коса кршлива, сува и безживотна. Топлината може да биде најголем непријател на здравата и убава коса, но постои и начин тоа да го промените.
Внимателно бирајте го фенот
Кога купувате фен, потрудете се да биде квалитетен. Фен купувате еднаш во десет години, па нема смисла да штедите на него. Изберете го оној кој има опција за греење со инфрацрвени зраци, а главата нека биде керамичка – научниците велат дека керамичката глава е најдобар проводник на топлината и помалку ја оштетува косата.
Заштита од топлина
Лошата страна на високата температура можете да ја свртите во сопствена корист. Побарајте производи за нега на косата кои содржат активни состојки кои реагираат во допир со топлина. Производите за заштита од висока температура обавезно нанесете ги на косата пред секое сушење или фенирање.

You must be logged in to post a comment Login