• Сподели на:

Направете вашата коса да изгледа природно виткана

___

Сигурно ви е здодевна вашата права коса, и сакате да и додадете малку волумен и прекршен изглед. Ако немате доволно време за да ја навиткате со фигаро, витлери или крпчиња, разгледајте го овој туторијал кој ќе ви објасни како за 15 минути да имате брановидна коса со природен изглед.

Исчешлајте ја косата и натопете ја со вода.

Поделете ја на 2 дела.

Со секој дел направете мали странични пунџички и зацврстете ги со мали црни шноли.

Почекајте 15 минути и почнете да ги сушите со фен. За поголем ефект можете да ги испрскате со малку лак за коса.

Откако убаво ќе ги исушите пунџичките, отплекајте ги и протресете ја косата. Не ја чешлајте со чешел.

 


Оставете коментар

___