Во само неколи чекори направете пунџа која претстојнава сезона е мошне модерна, а каква што носат и холивудските ѕвезди
Пунџа имаше Одри Хепберн во филмската класика Доручек во Тифани, Ким Новак во Хичковата Вртоглавица, а доколку никогаш не сте носеле, сега е време да ја испробате, зошто е повторно во тренд. Стилистката Сели Брукс вели: “Елегантната пуџа е класика која никогаш не излегува од мода. Овој стил може да с еноси на различни должини а косата и секогаш делува ефектно.”
После миењето коса нанесете пена за волумен.
Фризурата правете ја на сува коса. Издвојте го горниот дел од косата и зафатете го со шнола. Одвојте ја косата од увото кон круната на главата и задржете ја со шноли..
Зачешлајте ја косата нанасат и истапирајте ја за да и дадете волумен.
Исчешлајте го страничниот дел од косата кон центарот и фатете ја косата од темето кон круната на главата. Потоа истото направете го од другата страна.
Исчешлајте го наназад горниот дел од косата за фризурата да биде што повисока и израмнете ги прамените користејќи четка со природни влакна, па сплетете ја пунџата и задржете ја со шноли. За крај, фиксирајте ја фризурата со лак за коса.

You must be logged in to post a comment Login