Добро знаеме дека не треба да гледаме наназад, но кога се работи за фризура, малку инспирација никогаш не штетела никому!
Ова се 15-те најдобри фризури на познатите за 2013 и во согласност со најпознатите стилисти, дефинитивно можеме да ги носиме и во 2014.
Ејми Адамс
Ејми Адамс е секогаш средена од глава до пети, но нас особено ни се допадна нејзината фризура. Доколку и вие сакате иста ваква, фатете ја косата во коњско репче, испрскајте ја со лак за коса и малку истапирајте. Потоа, потфатете ги само врвовите и ете ја.
Британи Сноу
За да имате фризура како Британи Сноу, се што треба да направите е да ја ставите косата позади уво и да ја прикачите со една шнола од внатрешноста како би останала фатена. Секако, мало свиткување на врвовите и малку лак се клучот за оваа магична фризура.
Џенифер Лоренс
Џенифер Лоренс дефинитвно се навикна без своите локни, па се навикнавме и ние.Симпатично нели.
Ема Стоун
Можно ли е да не ви се допадне оваа фризура? Комплицирана и одзема многу време, но секако дека вреди. Доколку одберете ваква фризура, погрижете се вашата гардероба да биде едноставна. Вашата фризура ќе биде (а и треба) во фокус.
Џенифер Лопез
Малото пунџиче е дефинитвен хит во модната индустрија и никој не ја носи подобро од Џеј Ло. Се согласувате нели?
Џесика Алба
Џесика Алба ги фасцинираше сите на Златен Глобус кога се појави со добро познатите „холивудски„ валови. Некои работи едноставни никогаш не излегуваат од мода.
Ема Ватсон
Овој тип на фризура беше доста застапен на сите „red carpet“ манифестации изминатата година , но онаа на Ема Ватсон дефинитвно се издвојуваше. Толку елегантно структуирана, иста а сепак поинаква.
Карли Клос
Неверојатно е како на оваа девојка и успева да биде цела несредена и средена во исто време.
Кери Вашингтон
Само неколку влакна ја делат оваа фризура од трандиционално досадна до секси и тренди. Доколку сакате иста ваква, пробајте и дома. Се што ви е треба е фатено коњско репче и малку лак. Прамени од вашето репче ги префлувате околу, ги потфаќате со шнола и ставате малку лак за коса за совршен финиш.
Ким Кардашијан
Никој не изгледаше подобро по пост породилниот период од Ким Кардашијан, нели?
Мишел Вилијамс
Зарем не е ова најдобрата рок фризура на сите времиња. Потребно е само малку лак за коса и магијата на вашите прсти.
Нина Добрев
На сите ни се допадна коњското репче кое Нина Добрев го носеше на Оскарите – едноставно но не и досадно, Овој тип на фризура е идеалне за на училиште, работа па дури и за изглегување навечер.
Никол Кидман
Никол Кидман буквално блесна на Канскиот Филмски Фестивал . Можеби нејзината фризура не спаѓа во категорија за едноставни и често носливи фризури но затоа дефинитвно спаѓа во оние кои се најмногу восхитувачки.
Лорен Конрад
Светлите врвови на Лорен Конрад се апсолутен хит сеуште.
Селена Гомез
Фасцинатно и предизвикувачки нели? Неколку помали коњски репчиња фатени на различна висина и неколку тенки шноли е се что ви е потребно за оваа неверојатна фризура.

You must be logged in to post a comment Login