• Сподели на:

Мали трикови против мрсна коса: Пречесто миење ги суши влакната

___

Ако сте ги пробале сите можни шампони и препарати како би сте го избегнале мрсењето на косата а ништо не ви помогнало, сигурно нешто не правите како што треба.

Мрсната коса е еден од најчестите проблеми во одржување на уреден и негуван изглед, и создава потешкотии во секојдневното обликување на фризурата. Покрај што природна тенденција на косата е да лачи себум, постојат и низа грешки со кои сами го потикнуваме мастењето. Некои од најчестите грешки се кријат во стресниот начин на живот и лошата исхрана, како и погрешно негувана коса.

devojka-pod-tusem-1395955674-31260

1. Пречесто и погрешно миење

И покрај масната коса која го нарушува вашиот комплетен изглед, треба да се воздржувате од секојдневно миење на косата. Пречестото миење со вода и шампон го потикнува лачењето на маснотии, затоа иделно е да се мие косата два пати неделно. Поголема количина на шампон не е предуслов вашата коса да биде почиста, туку напротив.

2. Висока температура на водата и топлина од фенот

Врелата вода, како и врелиот воздух од фенот го потикнуваат излачувањето на маснотии, па затоа масната коса е пожелно да се мие со млака вода или дури и со ладна.

3. Погрешен избор на четка за коса

По миењето на масната коса најдобро е да ја чешлате со пластична четка чии врвови се меки и заоблени. Металните четки не се препорачуваат.

devojka-u-prirodi-1396447289-31918

4. Голема количина на регенератор

На масната коса регенератор не и е потребен. Наместо да користите регенератор, врвовите на косата по миењето со шампон истријте ги со јаболков оцет помешан со вода, нанесете на врвовите, нека поседи десет минути и потоа исперете го.

5. Претерување со маска за коса

За мрсната коса постојат разни маски на пазарот, но со нив треба да се биде штедлив, бидејќи најчесто наместо да ја храни вашата коса, тие предизвикуваат да биде тешка. Маска за коса користете два пати месечно, и тоа е сосема доволно за влакната да се нахранат и да се избегне претераното лачење на себум.


Оставете коментар

___