Кога е во прашање косата не се само фризурите тие што на црвениот тепих се поставуваат како светски трендови. Покрај различните облици, важна е и бојата на косата. Уште во Јануари гала дамите ги поставија водечките трендови кои ќе ги бираме внимателно во текот на годината.
Платинесто плава, риџа, темно кафена. Секоја отцртува еден личен сензибилитет, но тоа што им е заедничко е тоа што нагласуваат сигурен став.