• Сподели на:

Како до поголем обем на косата?

___

Секоја фризура изгледа поубаво ако има доволно обем. За тие што мечтаат за поголем обем на косата, еве неколку совети:

Направете си руси прамени. Еднобојната коса секогаш изгледа потенка. За визуелно да го зголемите обемот на косата, направете си руси прамени или прамени во друга боја, во зависност од бојата на вашата коса. Прамените се истакнуваат и ѝ даваат повеќе обем на вашата фризура.

Користете витлери или фигаро. Со помош на витлери или фигаро за големи локни, можете лесно да ѝ дадете обем на косата. Не е задолжително да ја виткате целата коса. Ставете витлери само во горниот дел на главата.

Користете производи наменети за поголем обем. Денес постојат стотици, ако не и илјадници производи чија намена е да ѝ даваат обем на вашата коса. Тргнувајќи од шампони, регенератори, гелови, па се до пени за коса, имате голем избор. Изберете си производ што ќе ви одговара и радувајте се на обемот.

Истрижете се на слоеви. Оваа фризура не излегува од мода. Супер е како за права, така и за виткана коса. Покусите прамени во горниот дел на главата ѝ даваат одличен обем на косата. Не претерувајте со кратките прамени. Ако се премногу кратки, може да изгледате смешно.

Фенирајте се со тркалезна голема четка. Користете ја топлината од фенот, заедно со голема четка, за да ѝ дадете обем на вашата коса. Додека се фенирате четката нека биде што поблиску до скалпот. Кревајте ја косата нагоре. Ако не сакате да користите четка, сушете ја косата со главата наведната надолу.


Оставете коментар

___