• Сподели на:

Како до платинесто плава коса?

___

Платинесто плава нијанса претставува најсветла нијанса на коса, која дури и влече на сивкасто.

Иако никогаш не излегува од мода, плава коса не е за секој. Да се дојде до оваа нијанса е тешко, особено ако сакате да играте на сигурно и да ја сочувате својата коса од штетните хемикалии. Ако не сакате да ја уништите својата коса, а сепак да ја достигнете саканата нијанса започнете да се советувате со експерти.

Од каде да почнете?

Доколку навистина сакате да станете платинеста плавуша, а особено ако вашата природна боја на коса е малку потемна, бланширање е единствен начин да дојдете до светла нијанса. Но сепак со ова не сте ја завршиле работата, напротив, тукушто почнувате. По бланширање косата станува видливо посветла, но не и изедначена.

Напомена: Првото бланширање на косата никако не го правите сами.

Не очекувајте чисто бела коса преку ноќ

Земете во предвид дека првата добиена нијанса може да биде и зелена, така да патот до чисто бела коса ќе трае неколку месеци. Тоа е најпаметно ако сакате да ја зачувае косата здрава.

Одржување на плава коса

Кога конечно ќе се изгуби зелената нијанса можете да го одредите степенот на оштетеност на косата. Дури и ако не е многу оштетена морате превентивно да делвате и да ја негувате повеќе од порано. Ова е всушност обавезно ако сакате вашата платинесто плава боја да изгледа привлечно.

Еве што ви е потребно:

  • Спреј регенератор и маска за коса
  • Шампон за плавуши
  • Балсам за фарбана коса
  • Повеќе не ја фарбајте целата коса, туку само коренот
  • Секогашнанесувајте крема или уље пред да ја сушите со фен

 


Оставете коментар

___