• Сподели на:

Како да го сокриете коренот помеѓу две бојадисувања?

___

Веројатно некогаш ви се случило да не одите на фризер толку често колку што би требало. Ако вашата коса е многу руса, а корените ви се многу темни во периодот помеѓу две бојадисувања можеби и не изгледате најуредно. А ова може да биде уште поалармантно ако косата ви расте брзо.

Понекогаш овој голем контраст може и да изгледа убаво, но сепак ако не ви се допаѓа а постојано ги одложувате посетите на фризер овие совети можат да ви бидат од корист:

Нанесете сув шампон на корените

Белиот прав барем за нијанса ќе ја осветли вашата коса и ќе ја направи разиграна.

Направете фризура која создава димензија

Најдобра опција се фризурите како пунџи и плетенки. Ако вашата коса е куса направете плетенка по линијата на косата, за да ја тргнете косата од лицето и за да ги замаскирате корените со бојата на косата по должина. Ако косата ви е подолга почнете да ја виткате еден прамен по линијата на косата и продолжете кон средината на главата врзувајќи пунџа. Истото може да ги направите и со плетенка, исплетете ја косата по линијата на косата и продолжете со плетенка на страна. Свитканиот прамен или плетенката имаат улога на венче. Две плетенки од секоја страна исто така се добра опција.

Сменете го патецот

Кога ја носите косата исто ден по ден, таа станува посплескана и коренот ви изгледа потемен од што е. Ако го смените правецот на патецот и малку ја разбушавите острината на коренот ќе стане помалку видлива.

Направете науредна фризура

Додадете и волумен на косата, користејќи шампон за повеќе волумен и направете средни локни, создавајќи неуредна фризура, каква што имате кога сте на плажа. Комбинацијата од волумен на коренот и локни на краевите ќе ви помогне да го прикриете нанамерното омбре.

Негувајте ги фоликулите на косата со масло од арган 

Маслото од арган ги освежува клетките кои помагаат во производството на протеинот меланин одговорен за природната боја на коса. Тоа содржи и омега 3 и 9, чии незаситени масни киселини ја зацврстуваат и хидрираат косата, но може и да ги смири прераните бели влакна или влакната со поинаква текстура од остатокот од косата. Маслото од арган додава влажноста на косата без да ја залепи, па освен што ја подобрува бојата на косата може и да ја промени текстурата. Препорачливо е да нанесувате неколку капки на сува коса секојдневно.


Оставете коментар

___