• Сподели на:

Имајте коса каква што секоја жена посакува

___

Кога би требало да ја опишете косата од соништата, сигурно ќе кажете: волумен, мекост и сјај.

Поголем волумен

За секси, модерна коса полна со волумен советуваме едноставен рецепт кој го обожуваат и светските ѕвезди. Откако на косата ќе нанесете спреј за зголемување на волуменот, исфенирајте ја косата со округла чекта со која ќе ја подигнувате косата од коренот. Додека косата сеуште е топла, прамените замоткајте ги со помош на електрично фигаро и пуштете ги да изладат. Поминете неколку пати низ косата со прстите за да го направите завршниот изглед. Освежете ја фризурата со помош на шампон за коса што не се мие.

Мека коса

За фризура без вишок влакна кои штрчат, нанесете малку крем за постигнување сјај  во косата која претходно сте ја исушиле со крпа, а за да постигнете немирните влакна да се смират, исушете ја косата со округла четка и внимавајте тие влакна да ги фенирате кон доле. Краевите на косата омекнете ги со масло, а на целата коса нанесете анти влажен лак за коса. Ако се брзате, мократа коса врзете ја во лесна пунџа и оставете ја да се исуши на воздух, со што ќе се ослободите од немирните влакна и ќе добиете благи кадрици.

Сјајна коса

И покрај трендовски матирана коса, сјајот сеуште е прв на листата на желби на луѓето што сакаат убава коса. За да ви биде косата навистина сјајна, прво измијте ја со шампон богат со витамини и протеини кој ќе ја нахрани косата, па потоа исчешлајте ја така да активните состојки од шампонот, односно хранливите материи, дојдат до секое влакно. Откако добро ќе ја исушите косата со крпа, нанесете регенератор кој не е потребно да го миете за да ја заштитите косата од топлината од фенот. Исфенирајте ја повторно косата, внимавајќи на немирните влакна да ги фенирате кон доле, а целиот процес завршете го со ладен воздух од фенот.


Оставете коментар

___