Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

Грешки кои ја уништуваат обоената коса

На обоената коса и е потребна посебна, дополнителна нега. Пред се, најмногу и е потребна хидратација, но најголемиот дел од жените ги прават следниве три грешки со кои несвесно ја уништуваат својата коса.
Често миење
Косата немате потреба да ја миете секој ден. Доколку ви се масти секој ден, користете шампон за суво миење. Косата испирајте ја со ладна вода бидејќи на овој начин, таа ќе биде потрајна а самото влакно, посјајно.
Висока температура
Сите ние знаеме дека фенот, пеглата за коса и апаратот за локни ја уништуваат косата, но она што веројатно не го знаевме е дека користењето на овие апарати има двојно пострашен ефект за обоената коса. Всушност, обоената коса е чуствителна на топлина која полека но сигурно ја суши. Истото е и со сонцето. Затоа, пред да ја обликувате вашата коса, обавезно нанесете препарат за заштита од топлина, а фенот, пеглата или апаратот за локни подесете ги на најниска можна температура.
Погрешно бојадисување
Пречестото бојадисување ја суши косата и го оштетува коренот на влакното. Доколку сакате да го покриете само израстокот, најдобро е да се сконцентрирате на тој дел и да не ја фарбата целата коса. Доколку на пример сакате да ја смените бојата на вашата коса, најдобро е да ја нанесете бојата за коса на израстокот, да почекате неколку минути и понатаму да продолжите со бојасисувањето на остатокот од косата. На овој начин ќе постигнете изедначен изглед.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...