Разликата меѓу младешки или повозрасен изглед може да биде и тоа како голема доколку немате фрузура кој ви одговара. Фризерите точно знаат која фризура ќе ве направи помлади.
Долги шишки
Идеални се бидејќи го заокружуваат лицето, а сепак го кријат недостатокот, борите, кои се неизбежни со тек на годините.
Долга рамна коса
Многумина велат дека долга и негувана коса е најубав украс на една жена. Но помладо може да изгледате и со полудолга, фенирана и сјајна коса. Тоа е прав рецепт за измазнет изглед и може да се примени во секоја доба, особено ако знаете да одберете боја која ви го истакнува лицето.
Боја на чоколадо
Ако ви одговара на тенот, одберете боја на чоколадо. Коса со таква боја ќе изгледа свежа и елегантна и целата појава ќе биде младешка.
Врзана коса
На секој не одговара класична пунџа и врзана коса без ниеден прамен на лицето. Пробајте повеќе варијанти и видете што ви одговара. За фризура со залижана коса треба да имате многу прави црти на лицето.
Плетенки
Веќе некое време се хит, а тоа е воедно фризура која може да трае и неколу дена. Имате неколку начини на располагање: украсни плетеки, плетенка на страна или неколку испреплетени една со друга. Некои можете многу лесно и сами да ги направите.
Кратки фризури
Мора да бидат ммногу внимателно избрани според обликот на лице. На некој подобро ќе стои чешлана на страна, а на некој ќе му бидат потребни шишки.
Тапирана коса
Заборавете го старомодниот стил на тапирана коса во било кој облик. Без разлика дали сте одлучиле цела да ја фатите или половина да ја пуштите, што помалку тапирајте, тоа подобро.
Прамени
Ако се направени како што треба, прамените допринесуваат за свеж и младешки изглед. За избор на тон многу е важно да на врвовите бојата не изгледа расцветана, испукана и остарена.

You must be logged in to post a comment Login