Ви треба романтична фризура. За само неколку минути со помош на неколку мали цветчиња заблескајте дури и на романтична свадба.
Ако не сакате романтика, заборавете на цветчињата.
Заврзете опашка, а од предниот дел на косата поделете прамени.
Прво исплетете ги шишките во вид на рибна коска, но полабаво.
Пуштете ја опашката и сплетете рибна плетенка и позади.
Подигнете ги двете рибни коски, а онаа од шишките ставете ја околу задниот дел.
Прицврстете со шноли. Задниот дел малку подигнете го и раширете го со цел да го покрие предниот дел.
Закачете шноли повторно, убаво наместете и додадете цвеќиња.