Доколку сакате да изгледате повисоко, треба да ја кренете косата на темето- тоа го знаете добро. Но како истапираната коса на темето да не “падне” за многу кратко време?
Следете го трикот што го користат кинескињите. Кога сакаат да направат висока пунџа, тие најпрвин ја виткаат косата на темето. Еве како:
- Издвојте еден прамен од косата на темето и префрлете ја напред (слика 1)
- Потоа издвојте друг прамен, кој се наожа веднаш под првиот, истапирајте го малку (слика 2) и свиткајте го како јаже ( слика 3)
- Извитканиот прамен завиткајте го како пунџа и зацвртете го со шнола (слика 4)
- Потоа праменот што сте го издвоиле претходно, префрлете го преку извитканата пунџа (слика 5) и зачешлајте ја внимателно косата (слика 6)
- Соберете ги краевите од испуштениот прамен во сноп (слика 7) и зацврстете го со шнола (слика 7)
И то е се. Веќе имате готова фризура (полу-пунџа) и косата ќе ви изгледа бујна и ефектно крената на темето. За да постигнете кинеска пунџа, потребно е само да го соберете преостанатиот дел од косата и да го изедначите со веќе направената пунаџа на темето.

You must be logged in to post a comment Login