За витканата коса понекогаш е потребна поголема нега. Познато е дека правата коса има повеќе природен сјај бидејки подобро ја рефлектира светлината. Но тоа не значи дека витканата коса не може да заблeска.
Откријте ги петте совети со кои ќе го вратите сјајот на вашата виткана коса.
Верувањето дека честото миење на косата го суши влакното потполно е погрешно. Користете ги правите производи и косата мијте ја толку често колку што сакате.
Производите кои содржат масло нема да ја замастат повеќе вашата коса. Бирајте ги ониe кои содржат силикони и природно масло кое ќе продре во темето и ќе го нахрани влакното.
За време на миењето, потрудете се на крај косата да ја исплакнете со ладна вода. Ладната вода ќе ја направи косата посјајна и блескава.
Еднаш или двапата неделно на косата обавезно нанесете хранлива маска.
После обликувањето, на косата можете да и обезбедите додатен сјај со помош на препарати наменети за тоа. Кога ќе завршите со правење на фризурата, на косата нанесете спреј за сјај на косата со кој вашите локни сигурно ќе заблескаат.

You must be logged in to post a comment Login