• Сподели на:

Домашен регенератор за сјај и мекост на косата

___

Доколку сте посакале да имате коса како од рекламите, тогаш испробајте го овој домашен регенератор кој можете и самите да го направите.

Состојки: 1 жолчка, 1 супена лажица рицинусово масло, 1 супена лажица јаболков оцет, 2 супени чажици од вашиот шампон, 1 супена лажица куповен балзам или пакување за коса.

Ставете ја жолчката во сад. Додајте го рицинусовото масло и јаболковиот оцет. Се добро измешајте додека не добиете изедначена смеса. Смесата нанесете ја на измиена коса па потоа замотајте ја главата со најлонска ќеса и пешкир. Држете 15 до 20 минути и потоа измијте ја косата со вода. Добро е балзамот да го држите на косата за време на миењето во кадата.

За подобар ефект, најдобро да го користите на секое миење. По 2 – 3 недели, можете многу поретко да го користите.


Оставете коментар

___