Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

Додека кучката не замавне со опашката…

…ни кучето нема да тргне по неа. Јасно ви е која фризура е секогаш модерна?

 

Опавчето за некои е само најлесен начин набрзина да ја соберат косата, за други практична фризура за кога немаат време да ја измијат косата, а има и такви кои сметаат дека токму тоа опавче е баш секси!

Ако имате долга, или средно долга коса, можете да направите вистинско “коњско опавче” или пониско опавче. Во секој случај потребна ви е цврста гумичка/ластиче.

ponytail

Кратката коса тешко ќе ја соберете во опавче, пробајте, но НИКАКО НЕМОЈТЕ остатокот од влакната да ги прицврстувате со безброј шноли. Тоа не може да изгледа убаво.

Опашка може да направите и со помош на шноли за коса, но ако не сте вешти во тоа, прво малку вежбајте.

Доколку кусите прамени кои неможат да се соберат, ги смирувате со лак за коса, при прскањето прескокнете го опавчето за да не добиете круто купче прамени позади на главата.

Опавчето можете да го соберете цело во вид на женствени брановидни локни, или да направите неколку потенки локни кои придонесуваат да изгледате помладо.

И на крај, но многу важно – немојте да спиете во текот на ноќта со собрана коса во опавче, немојте често да ја носите оваа фризура и користете гумички кои не ја корнат косата при вадење. Доколку не ги послушате овие совети ризикувате да ја оштетите вашата коса, предизвикате паѓање, а многу жени се жалат дека ги боли кожата доколку носат опавче подолго од ден, два.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...