• Сподели на:

Детокс за сува коса; 4 чекори за обнова на оштените врвови

___

Опасните  UV зраци, морската сол и хлорот во базените ја оштетуваат косата, поради тоа станува кршлива, сува и лесно пука. Сонцето ја оштетува структурата на влакното па затоа е потребна дополнителна нега и детоксикација.

Одберете шампон што ви одговара

Убавата коса започнува со правилниот избор на шампон, а за сува коса најдобар избор се оние на база на макадамија, масло од јојоба и нектар од агава кои ја хранат косата и ја враќаат влажноста. Исто така, коста треба да се мие два до три пади неделно, а се почесто од тоа дополнително ја суши и оштетува косата.

Сушење со фен го појачува дејството на регенераторот

Регенераторот на коста и пружа длабинска нега, а во лето е најдобро да се користи оној кој не се измива. Фризерите препорачуваат регенераторот да се нанесе само на врвовите бидејќи ов спротивно косата нема да изгледа бујна. Косата треба да се суши со фен, а топлината ќе овозможи регенераторот полеснно да навлезе во влакното и да ја обнови коста одвнатре.

Треба да ги избегнувате силиконските маски

Маските се составен дел од негата за сува коса бидејќи ја враќаат влагата. Најдобар избор се оние на база на масло од палма и шеа масло, одека оние со силикон треба да се избегнуваат. Силиконот делува само на површината и не ја обновува коста одвнатре, а маските со масло ја обновуваат косата и даваат еластичност.

Длабинска нега со масло

Исушената коса е подложна на првут и опаѓање, но за тоа помагаат маслата кои длабински ја негуваат. Најдобар избор е кокосово, маслиново и бадемово масло, а доволно нежно да ги втриете и да оставите да делуваат 20 минути пред да ја исплакнете косата.


Оставете коментар

___