Зелен лиснат зеленчук, риба, грав, јајца и јаткасти плодови се вашите сојузници за побрз раст на косата.
Косата е “средство” кое не само што ви дава единствен изглед, туку и го зголемува вашето ниво на самодоверба. Дали често се жалите дека косата не ви расте доволно брзо? Еве неколку намирници коишто можат да го забрзаат тој процес.
Зелен лиснат зеленчук
Тоа е една од најдобрите намирници што ја зголемува должината на вашата коса. Зеленчукот како спанаќот, блитвата и зелената салата е одличен за раст на косата, бидејќи содржи витамин А и Ц кои пак помагаат во производството на природни масла од кои косата побрзо расте.
Риба
Лососот и другите видови на риба се одличен извор на протеини, витамини и железо, содржат витамин Б12 и омега-3 масни киселини. Се ова што е наведено го забрзува растот на косата и го подобрува здравјето на скалпот.
Јаткасти плодови
За вашата коса да расте побрзо, во исхраната потребно е да внесувате јаткасти плодови, како што се ореви, лешници или индиски ореви. Тие содржат големи количини на цинк и протеини кои се важни и за растот на косата и за целокупното здравје на организмот.
Грав
Гравот е природен извор на цинк, железо, биотин и други важни хранливи состојки. Личностите кои имаат недостиг на биотин ја губат косата, затоа гравот може да го спречи опаѓањето на косата и да го забрза нејзиниот раст.
Јајца, пилешко и мисиркино месо
Овие намирници содржат големи количини на протеини, од кои косата не само што расте побрзо туку и станува појака и поздрава.

You must be logged in to post a comment Login