• Сподели на:

Барате идеjа за нова фризура? Tрендови за пролет 2014

___

Пролета 2014, е добра можност за нов изглед и тренди фризура. Ако сакате дa дознаете што е во мода кога се работи за фризурите, ви ги носиме нејновите hair трендови кои ги освоија и познатите дами. ‘’Pixie’’стилот повторно ги враќа кратките фризури, а асиметричниот боб ќе го направи одличен секој изглед. Романтична нота ќе ви дадат нежните локни кои на долгата коса изгледаат преубаво. Ако пак сакате да изгледате елегантно, префрлете ја косата на една страна.

Фризура за кратка коса

FFN_KM_SAG_Arr_011814_51308912-490x623

Pixie стил

Се враќа ‘’pixie” фризурата! Оваа фризура носи остри и асиметрични линии. Таа слатка, кратка фризура може да ја видите на многу познатии ѕвезди како Ен Хатавеј, Џенифер Лоренс, Ема Вотсон…  Кој вика дека краткото не може да биде слатко и женствено.

Асиметричен боб

Доколку барате некоја слатка, но не драстична промена за долгата коса, пробајте со асиметричен боб. Фризурата која доаѓа во сите облици и големини, а тоа ја прави совршено одличен и единствен изглед.

FFN_Bunchen_Gisele_GGFF_110613_51254030-490x723

Фризури за средна должина на коса

Брановиден боб

Една од омилените фризури за пролета 2014 – оригинален боб! Слатките нежни локни ќе го подигнат волуменот на косата. Нежните локни на долга коса изгледаат така симпатично, а ќе одговараат на секој look. Тоа што е одлично кај оваа фризура е тоа што изгледа природно, свежо и тренди.

bijonse1-490x631

Природни локни

Среќничките со природни локни доаѓаат на свое. Трендот голема и бујна виткана коса се враќа. Слатко, заводливо, секси!

Фризура за долга коса

FFN_KM_LACMA_Gala_110213_51250602-490x651

Нежни бранови

Разбушавен, брановиден изглед ќе биде тренд за пролета 2014. Нежните бранови убаво ќе стојат на секоја жена со долга коса. Тие делуваат симпатично, а се одличен избор за повеќето прилики – работни, casual, модерни…


Оставете коментар

___