Пролета 2014, е добра можност за нов изглед и тренди фризура. Ако сакате дa дознаете што е во мода кога се работи за фризурите, ви ги носиме нејновите hair трендови кои ги освоија и познатите дами. ‘’Pixie’’стилот повторно ги враќа кратките фризури, а асиметричниот боб ќе го направи одличен секој изглед. Романтична нота ќе ви дадат нежните локни кои на долгата коса изгледаат преубаво. Ако пак сакате да изгледате елегантно, префрлете ја косата на една страна.
Фризура за кратка коса
Pixie стил
Се враќа ‘’pixie” фризурата! Оваа фризура носи остри и асиметрични линии. Таа слатка, кратка фризура може да ја видите на многу познатии ѕвезди како Ен Хатавеј, Џенифер Лоренс, Ема Вотсон… Кој вика дека краткото не може да биде слатко и женствено.
Асиметричен боб
Доколку барате некоја слатка, но не драстична промена за долгата коса, пробајте со асиметричен боб. Фризурата која доаѓа во сите облици и големини, а тоа ја прави совршено одличен и единствен изглед.
Фризури за средна должина на коса
Брановиден боб
Една од омилените фризури за пролета 2014 – оригинален боб! Слатките нежни локни ќе го подигнат волуменот на косата. Нежните локни на долга коса изгледаат така симпатично, а ќе одговараат на секој look. Тоа што е одлично кај оваа фризура е тоа што изгледа природно, свежо и тренди.
Природни локни
Среќничките со природни локни доаѓаат на свое. Трендот голема и бујна виткана коса се враќа. Слатко, заводливо, секси!
Фризура за долга коса
Нежни бранови
Разбушавен, брановиден изглед ќе биде тренд за пролета 2014. Нежните бранови убаво ќе стојат на секоја жена со долга коса. Тие делуваат симпатично, а се одличен избор за повеќето прилики – работни, casual, модерни…

You must be logged in to post a comment Login