• Сподели на:

Ако сакате да ја смените бојата на вашата коса

___

Земете ја во предвид природната боја на коса. Освен тоа, посветете внимание и на вашиот тен и бојата на очите. Ако вашиот тен има златни или жолтеникави под тонови, веројатно ќе ви одговараат топли нијанси. Ако вашиот тен е розеникав и блед, повеќе ви одговараат ладните тонови.

Ако не можете да се одлучите во кога категорија би спаѓал вашиот тен, проучете ја вашата гардероба. Добро погледнете што најчесто носите. Повеќе сакате неутрални бои, како беж, сива, бела, кафена или морнарско сина, веројатно повеќе ви одговараат посветли тонови на косата.

Ако поголемиот дел од вашата облека е со јаки бои како смарагдно зелена, магенда, лилјакова, сина, розева или жолта, веројатно повеќе ќе ви одговараат поладни тонови.

Светло смеѓа боја на коса, како на МирандаКер, е една од најдобрите бои во кои може да се исфарбате, освен ако не сте природно изразено светли, тогаш би можеле да имате проблеми со израстоците.

Црвената боја на коса е се попопуларна, но не одговараат на секого. Добрата работа е што постојат многу нијанси од кои можете да бирате. Жените со потопли тонови на тенот и потемни најдобро ќе изгледаат во златно бакарни тонови, бледите личности најдобро ќе изгледаат во рубин црвена или гримзина црвена. За која нијанса и да се одлучите, имајте на ум дека црвените тонови најбрзо се измиваат  и црвената боја е најтешка за одржување. Ако сакате да ги користите производите за обликување на база на топлина, црвената боја никако не е за вас. Таа е чувствителна, лесно се испира и бледнее, па треба да се избегнува тоа што најчесто ја оштетува – сонце, пречесто миење и производи за обликување.

change-hair-color-onlinetop-ten-list-of-common-hair-problems-mister-top-ten-gscwtu0r

Плавите бои за коса постојат само за да пишуваме за нив. Ги има толку многу што не постои личност која не и одговара барем една нијанса на плаво. Важно е дека секој кој е обожавател на плава коса да ја најде идеалната нијанса.

Личностите со посветли очи најдобро ќе изгледаат во плави нијанси слични на нивниот тен – пепеласти, пастелни и кремасти тонови. Личностите кои природно имаат блед тен и темна коса, како ГвенСтефани, најдобро им одговараат златни, медени и карамел тонови. Но како што видовме на Гвен, и платинестата плава со таков тен изгледа одлично„

Како и кај црвената боја, секој кој ќе се одлучи за плава коса, мора да биде спремен за редовно одржување. Плавушите мораат да се фарбаат барем еднаш на 6 недели за да избегнат израстоци и да ја вратат живоста на бојата. Ако тоа ви е премногу, размислете за боја која е поприближна на вашата.


Оставете коментар

___