• Сподели на:

6 тајни како косата да ви изгледа добро секој ден

___

Што правите кога наутро ќе се разбудите, а косата ви изгледа како да била на некоја авантура на која вие не сте биле поканети, особено кога имате само малку време за да се подготвите?

Не паничете, ви нудиме неколку совети кои доколку ги практикувате секое утро ќе се будите со коса на која само ќе и се воодушевувате.

  •  Инвестирајте во добра навлака за перница

Можеби ви изгледа вообразено, но инвестирањето во свилена навлака за перница има многу бенефити. Додека спиете косата нема да се плетка туку нежно ќе се лизга по свилената површина.

Исто така, свилата нема да дозволи додека спиете да ви се прават брчки на лицето. Па затоа немојте да чекате!

  • Подгответе се однапред

Ако имате претстава како сакате да ви изгледа косата, направете некои подготовки пред да легнете.

Пронајдете некои комотни начини да го сочувате стилот кој го сакате додека спиете, на пример направете плетенка или обмотајте ја косата со марама откако прво сте го нанеле соодветниот серум за коса.

  • Додадете малку сексипил

Поттикнете го коренот на вашата коса за да го постигнете саканиот свеж изглед.

Користете сув шампон или некој друг спреј кој ќе му додаде текстура на вашиот изглед.

  •  Грижете се за вашата коса

Вашата коса поминува низ многу непријатни процеси, од фенирање, пеглање, фарбање па се до ладно време или морска вода и сонце.

Затоа време е да и посветите малку внимание и да купите некои поквалитетни производи, како на пример одлична кератинска или хидратантна маска.

Не заборавајте да користите производи за заштита од топлина кога ја фенирате и пеглате косата, а тука се и серумите кои ги штитат врвовите на косата од кинење.

  • Мијте ја косата правилно

Секогаш мијте ја косата со одличен шампон, а немојте да го заборавате ни регенераторот.

Кога ќе завршите со миењето, последниот млаз нека биде со ладна вода.

Бидете нежни кога ја триете со пешкирот и секогаш кога е можно, оставете ја сама да се исуши.

  •  Бидете внимателни со топлината

Секогаш кога можете да ги избегнете фенот, пеглата и уредот за виткање, направете го тоа. Верувајте косата ќе ви биде благодарна.


Оставете коментар

___