Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

5 причини поради кои треба да ја сакате својата виткана коса

Жените со виткана коса обично жалат бидејки немаат рамна, додека тие со рамна коса сонуваат за раскошна и бујна виткана коса. Ако имате виткана коса, ви отриваме пет причини поради кои треба да бидете горди на своите локни.

Уникатни сте

Секоја локна е уникатна, единствена, со различна текстура и должина. Секој може да има рамна коса, но не може секој да има совршени локни кога ќе се разбуди наутро. Покрај тоа, вашата фризура секој ден може да биде поинаква, во зависност од тоа кои производи за обликување ги користите.

Не ви треба многу четки и чешели

Локните можете да ги обликувате на лесен начин, со прсти. Потребно ви е само еден чешел со широки забци за да можете да ја разчешлата косата после нанесувањето на регенератор.

Здрава коса

Витканата коса често е сува, но хидратацијата е најголемиот проблем за кој треба да се грижите. Ако косата не ја исправувате со пегла за коса, полесно ќе ја зачувате. Косата која не е постојано изложена на топлина најчесто е здрава и сјајна за разлика од таа која често се фенира или пегла.

Преубаво мириса

Веројатно за нега и обликување користите многу производи кои еден дел сте ги избрале поради преубавиот мирис. Вашата коса веројатно секогаш ќе мириса убаво.

Лесно обликување

Со совршени локни ви е  потребно многу малку време за да направите најразлични фризури. Дури и обичен украс за коса ќе изгледа раскошно на локните. Доволно е да сте малку креативни и секогаш ќе имате беспрекорна фризура.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement