• Сподели на:

3 рецепти за здрав скалп и раст на косата

___

Многу фактори од околината влијаат штетно врз нашата коса. Греењето, сувиот воздух во затворените простории, боите за коса, шампоните и производите за стилизирање на фризурата предизвикуваат кинење на влакната, расцветани врвови, бавен раст, сушење и прекршување.

Постои многу едноставен начин за да ја зајакнете косата и скалпот, користејќи природни раствори за плакнење кои воопшто не чинат многу со оглед дека повеќето состојки можете да ги најдете во кујната. Со нивна помош се поттикнува циркулацијата на вашата глава, а тоа ги стимулира филикулите што доведува до раст на косата. Некои раствори можат дури да ви помогнат и да ги решите проблемите како првутот, чешањето и бавниот раст на косата. Проверете.

1. Жалфија – за заживување и прочистување

Жалфијата ќе ви помогне да ја исчистите косата од насобраните маснотии и да имате поздрав скалп.

Рецепт

2 филџани зовриена вода

2 лажички сува жалфија (или ½ филџан свежи листови)

Полијте ја жалфијата со водата и почекајте да се излади. Исцедете и искористете ја течноста на свежо измиена коса. Не заборавајте да го масирате скалпот во тек на целата постапка.

2. Јаболков оцет – за чистење и темелно прочистување

Ако досега никогаш не сте користеле јаболков оцет за плакнење, тогаш мора да живеете во камено време! Шегата на страна, овој раствор е еден од најлесните и најпопуларните за масовна употреба. Постојат повеќе начини на негова примена, а истиот често се комбинира со разни билки и масла за различен ефект. Наједноставен начин е да измешате 75 мл оцет со 1 литар вода и сето тоа да го ставите во некоја згодна амбалажа што секогаш ќе ви биде на дофат во вашата бања, користејќи го при последното плакнење.

3. Пиво – за сјај, волумен и еластичност

Еднаш месечно може да користите негазирано пиво за плакнење на косата. Токму така, пиво! Тоа делува како природен лосион за стилизирање и делува одлично, така што вашата коса изгледа повитално по фенирањето. Сјајот и волуменот се резултат на природните шеќери и Б витамините кои ги содржи пивото.


Оставете коментар

___