• Сподели на:

3 грешки со кои ја уништувате фарбаната коса

___

На фарбаната коса потребна и е посебна нега. Пред се, неопходна и е хидратација, но поголемиот број на жени ги прават овие три грешки и несвесно ја уништуваат својата коса.

Често миење на косата

Косата немојте да ја миете секој ден. Ако ви се масти, користете шампон за суво миење. Косата мијте ја со ладна вода, бидејки на тој начин бојата ќе биде постојана, а косата сјајна.

Високи температури

Фенот, пеглата за коса и фигарото ја уништуваат вашата коса, а влијанието е поголемо кога косата ви е фарбана. Фарбаната коса е осетлива на топлина, која лесно ја суши. Истото се случува и со сонцето. Затоа пред да ја обликувате косата обавезно нанесете препарат за заштита од топлина, а фенот, пеглата за коса и фигарото подесете го на пониска температура.

Погрешно фарбање

Пречестото фарбање ја уништува косата и негативно влијае на коренот на влакното. Кога сакате да го прекриете израстокот, најдобро е да не ја фарбате целата коса. Ако пак сакате да ја промените бојата на косата, најдобро е фарбата да ја нанесете на израстокот, да почекате неколку минути, па потоа да продолжите со фарбање на остатокот од косата.


Оставете коментар

___