• Сподели на:

10 прекрасни фризури со шноли

___

Никогаш не потценувајте ја моќта на обичните шнолички. Оваа едноставна алатка може да ви помогне да направите лесни и убави фризури, со кои ќе изгледате модерно и секси.

Statija gallery photo

Врзете ја косата во ниска пунџа на страна, земете неколку шнолички во боја и наредете ги во ред. Оваа опуштена фризура лесно ќе ја направите ќе бидете тренди и со стил, а воедно и лежерни.

Statija gallery photo

Во прилики кога треба да изгледате погламурозно, одберете шнолички со бисери (на на вашите обични шнолички додадете им бисер) и вметнете ги внимателно во уредената пунџа.

Statija gallery photo

За да го искажете вашиот личен стил, одберете шнолички со интересен детаљ и вметнете ги во вашата кежуал фризура.

Statija gallery photo

Повторно шнолички со бисери, но овој пат по примерот на Шанел. Врзете ја косата во пунџа, можете да одите и на wet look варијанта, а потоа вметнете шнолички насекаде.

Statija gallery photo

Искажете се себеси за забавен начин. Одберете шнолички со натпис и додадете ги на вашата лежерна фризура.

Statija gallery photo

Играјте си со белите шнолички: наредете во ред, ставете една напречно, а останатите ставете ги во облик на буквата Х.

Statija gallery photo

Ако шишките ви се во фаза на растење, ова е идеална фризура за вас. Направете плетенка на страна, а шишките фатете ги со неколку шнолички.

Statija gallery photo

Направете пунџа на страна и декорирајте ја косата со шнолички кои ќе бидат во контраст со вашата коса редејќи ги во неколку реда во овој облик >>>>.

Statija gallery photo

Веројатно многу пати сте сакале да ја врзете косата само со шнолички, а ова идеалниот начин за да го направите тоа. Ставете ги шноличките закачени една за друга во триаголник – така ќе ја задржите косата и ќе изгледате одлично.

Statija gallery photo

Врзете ја косата во пунџа со патец на средина, а потоа наредете шнолички од кои ќе се гледа еден мал дел за да го направите овој интересен детаљ.

 


Оставете коментар

___