• Сподели на:

Зимска магија која трае

___

Сонувате за вашата свадба. Сонувате за окружување коe е целосно белo и се наоѓате на романтично место со снег околу вас. Се е покриено со нежна бела покривка, а вие сте во прегратките на саканата личност додека низ прозор гледате како паѓа снег. И покрај тоа што надвор е премногу ладно, вашите срца зрачат со топлина. Но, сега полека се враќате во сегашноста и станувате свесни дека само неколку недели ве делат од вашата свадба.

Zimska-carolija-koja-traje-3-681x1024

w wi

Вашиот најубав ден полека се приближува и ви останува само да се усогласите со вашата сакана личност околу неколку детали. Вашите пријатели сигурно веќе ви имаат дадено некои совети, а вие тежнеете кон тоа се да биде совршено и да биде како од бајките. Поради тоа се одлучивте вашата венчавка да биде организирана во зимскиот период бидејќи природата е навистина прекрасна. Имате неколку нови идеи кои ви се врамуваат во глава. Едната од нив е вашата венчавка да ја збогатите со неколку посебни бои који ќе ви овозможат топла атмосфера вам и на вашите гости. Размислете за пурпурни украси во форма на топка и салфетки кои ќе дадат посебна нота на вашата венчавка. Се се тоа само детали, но и самите знаете дека тие се пресудни за вашата венчавка биде навистина совршена.

win

wint

Она по што сте мечтаеле во детството полека почнува да ви се исполнува. Магијата е присутна на секој чекор и сакате се да биде разубавено со најразлични декоративни ароматични свеќи и бои. Сакате многу свеќи кои ќе и дадат една посебна нота и топлина на вашата свадба. Во зима деновите се пократки, па ќе можете долго да уживате во пламенот на свеќата која нежно трепери. Секогаш сте сонувале и за магичните текстури кои едноставно зрачат со својата уникатност. Ова претставува прекрасна можност да ја покажете вашата креативност. Покрај сето ова, вие помислувате на уште некои ситници и детали. Додека денот полека поминува, вие сте необично разиграни и не мора да бидете загрижени бидејќи знаете дека во пресрет ви доаѓа зимската магија која трае.

Zimska-carolija-koja-traje-1

Zimska-carolija-koja-traje-2

wite

wir


Оставете коментар

___