Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ДИ ДЕЈ

Жените фантазираат за нивните венчавки и пред да најдат маж?

Изгледа дека за она клише за девојчиња кои сонуваат за својата венчавка сепак има малку вистина…

Ајде сега бидете искрени: Колку пати сте се уловиле себе си како правите список за гости, бирате цветни аранжмани и во глава креирате идеален фустан за венчавка, иако во моментот сте сингл? Не осудуваме, само прашуваме!

Почетокот на врската е секогаш најубав, а една од најдобрите работи е дека токму во тие денови чувствуваме пеперутки во стомакот, кои со текот на времето поминуваат и започнуваат да ни недостигаат.

1. Заминете на состанок

Првиот, вториот и третиот состанок се навистина возбудливи, а дури следните резултираа со вистински пеперутки. Потоа по одредено време едноставно престанавте, исто како и многу парови кои забораваат колку е убаво да се излезе на состанок. Почестете се со романтична вечера, флертувајте и уживајте како штотуку да сте се запознале.

2. Разделете се

Земете една недела без пауза и обидете се да не се видите. На тој начин пеперутките сами ќе се активираат, но и добро ќе ви дојде оваа пауза. Кога повторно ќе се видите, ќе сфатите колку меѓусебно сте си недостигале.

3. Бакнувајте се

Верувале или не, дури и бакнежите во долгите врски паѓаат во втор план. Едноставно забораваме на нив или не им предаваме голема важност. Но, ако барем еднаш дневно страсно се бакнете, ќе се почувствувате како штотуку да сте се запознале.

4. Заминете на патување

Не мора да трошите премногу пари и да отпатувате на другиот крај од светот. Доволно е еден викенд надвор од вообичаеното опкружување и ќе бидете посвежи и повторно ќе се зближите.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...