Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ДИ ДЕЈ

За сите идни невести: Писмо од твојата идна деверуша

Драга моја пријателке,

Многу сум возбудена дека ќе бидам твојата деверуша! Ветувам дека постојано ќе бидам покрај тебе и ќе ти помагам во планирањето на твојата свадба. Како добра пријателка, сакам да ти помогнам твоето свадбено патување да биде пријатно и мирно. Но, и ти мора да се обидеш да го направиш истото за мене! Иако се работи за твојот голем ден, јас ќе бидам заедно со тебе, и ќе ни биде поубаво доколку и двете сме среќни. Имајќи го тоа на ум, мислам дека ќе бидеш најкул невеста доколку ги следиш следниве 10 правила..

1. Определи палета на бои од кои самите ќе може да си ги избереме фустаните за деверуши. На тој начин ќе имаме нешто што го сакаме, а ти ќе имаш среќни деверуши, баш онака како што сакаш!

Погледни колку симпатично изгледаат овие деверуши, иако нивните фустани се прелеваат во различни нијанси.

3

2. Доколку сакаш да носиме високи потпетици, погрижи се за нашите нозе. Ние ќе го направиме тоа за тебе, но ќе бидеме тажни ако на крајот од вечерта завршиме со плускавци и исчашени зглобови! Не не терај да се нишаме по тревата – размисли за стопери кои ќе ги поставиме на високите потпетици!

4

 

И ние дефинитивно ќе танцуваме цела вечер. Преферираме поудобни чевли за тоа, со цел да не му пркосиме на подиумот со голи нозе!

5

3. И ние сакаме да славиме заедно со тебе и да бидеме убави и релаксирани на церемонијата. Затоа, би било убаво да се опуштиме заедно утрото пред свадбата со некои здрави напитоци и грицки.

7

4. Обливај не со подароци! Додека го правиме истото за тебе, убаво е да добиеме некаква благодарност за помошта која ти ја даваме. Сакаме да се забавуваме и да славиме, затоа би било убаво да има подароци за мамурлок по девојачката вечер и свадбената забава.

8

А да, и лично адресирани подароци за заблагодарување се секогаш ценети – тоа ќе биде посебен начин по кој ќе се сеќаваме на твојата свадба!

5. Ако сакаш лудо да се забавуваме или да имаме комплицирани фризури за твојата свадба, понуди се да платиш за тоа. Верувај ни – не постои начин ние самите да направиме такви фризури, а ти ќе бидеш посреќна ако ние изгледаме токму онака како што сакаш.

6. Ако не познавам никого, запознај ме со сите останати деверуши за и ние да станеме пријателки. Забавни излегувања или ручек се одличен начин да се собереме пред големиот ден.

7. Предупреди ме за досадниот кум, или запознај ме со згодниот ако сум “сингл”. Би сакала да си поминам најубаво на цел свет за вашата свадба.

12

8. Не ме терај да се натпреварувам за твоето внимание. Знам дека ги сакаш и другите деверуши, но ќе биде непријатно доколку двете најдобри пријателки или сестри се борат за твоето време.

9. Ќе бидам среќна доколку ми дозволиш да ти помогнам – декорирање, подигање на фустани, или испраќање по пошта на поканите. Но не барај ме во последен миг да ти помогнам, и не ме навредувај ако не можам да направам нешто. И јас имам други обврски, исто така!

14

10. Ако не си многу заинтересирана за девојачката забава што ја планираме, те молам не се лути – тоа е наша забава која ја планираме само за тебе! Затоа, кажи што би сакала да правиме за тоа да биде најлудата забава на која си присуствувала. Ако тоа е патување до Вегас кое можеме да си го дозволиме, кажи ни за тоа.

15

Не можам да дочекам да прославам заедно со тебе, и да бидам дел од твојата венчавка! Ти ветувам дека и јас ќе бидам најкул деверуша.

Честитки драга моја!

Те сака твојата идна деверуша

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement