Венчаницата која ја носеше Елизабет Тејлор кога се омажи за Конрад Хилтон беше понудена на аукција во Лондон.
Како што пренесуваат британските медиуми, фустанот кој го носеше дивата, а го дизајнирала Хелен Роуз, Елизабет решила да го поклони на студиото МГМ после улогата во филмот ‘’Таткото на невестата’’.
Било потребно 15 луѓе и три месеци работа за да се направи овој прекрасен фустан кој содржи 13,7 метри бел сатен, кој е прекриен со перли, бисери и има вграден корсет.
Тејлор од Хилтон се разведе после девет месеци. Глумицата фустанот го поклонила за аукција на Беверли Хилс во 1960 година. Се очекува дека овој фустан на аукцијата која следи, ќе биде продаден за 30 000 до 50 000 фунти.

You must be logged in to post a comment Login