• Сподели на:

Трудна невеста, па што?

___

Денес често се случува девојката да е трудна на денот на својата венчавка. Ако и вие сте една од тие, сигурно ќе добиете низа совети од роднините и пријателите како да се однесувате на денот на венчавката. За да ви помогнеме околу тоа, пронајдовме за вас правила до кои мора да се придржувате доколку сте трудна.

Тоа што сте трудна не значи дека треба да се однесувате потполно различно отколку иначе.

Морате да знаете дали ќе се одлучите за традиционална или нетрадиционална венчавка. Размислете дали ќе биде во интимна венчавка или голема свадба.

Одлучете се каде ќе се омажите. Дали тоа ќе биде верски објект или општина. Запамтете едно, ова е ваша венчавка и одлуката е само ваша.

Одлучете се за фустан. Дали тоа ќе биде класична венчаница или нешто сосем различно.

Единствено на што мора да посветите внимание е удобноста на фустанот и чевлите на денот на вашата венчавка. Замете во обзир дека сте трудна и дека не смеете да се заморувате ни на денот на венчавката.


Оставете коментар

___