Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ДИ ДЕЈ

Топ 5 совети како да ја одберете вашата свадбена торта

Одбирањето на свадбена торта може да биде една од покомплицираните работи при планирање на вашата свадба. Прочитајте ги нашите совети како да ја одберете вистинската торта за вашата венчавка и сигурни сме дека нештата ќе ви станат појасни:

1. Размислете за дизајнот

Ако веќе имате дизајн за тоа како ќе изгледа вашата свадбена торта веќе со години, големи се шансите некој веќе да ја направил истата за неговата свадба. Не очајувајте, има и позитивна работа во тоа! Обидете се да пребарате на Pinterest или на Google според клучни зборови и пронајдете нова визија. Побарајте го вашиот пекар и покажете му ја одбраната фотографија за да создаде нешто оригинално.

2. Бидете искрени за вашиот буџет

Многу е важно да му верувате на вашиот пекар и да му кажете со колкав буџет реално располагате. Ако имате помал буџет, размислете за некој дизајн за кој ќе бидат потребни поефтини материјали.

3. Порциите ја одредуваат големината

Запомнете дека бројот на гости кои ќе бидат присутни на вашата свадба е поважен од бројот на слоевите на вашата торта. Ако бројката на гости е мала, имајте во предвид дека тортата треба исто така да биде од помалку слоеви, бидејќи торта во 5 слоја за 40 луѓе ќе резултира со неколкунезгодни погледи.

4. Бидете сигурни дека сте го одбрале вистинскиот пекар

Пекарите исто така имаат свој стил. Ако сте во потрага по ултра модерна торта, тогаш внимавајте да одберете пекар кој ги следи трендовите и во неговата струка. Погледнете фотографии од нивните претходно изработени свадбени торти за да дознаете дали тој пекар може да ја изработи вашата посакувана торта.

5. Не ги правете овие грешки при избор на свадбена торта

Постојат две кардинални грешки при планирање на свадбената торта. Првата е да се чека до последен момент за одбирање на дизајнот и нарачка на тортата. Повеќето од пекарите имаат нарачки закажани со недели однапред. Понекогаш е потребно да се нарачаат посебните состојки и декорации многу порано, или пак пекарите имаат потреба од повеќе време за да изработат некој детал, за кој најпрво мора да направат проба.

Втората грешка е  да се советувате со премногу луѓе за изборот на вашата торта. Кога ја планирате свадбената торта, бидете во придружба  на една или најмногу двајца блиски луѓе. При изборот на торта важно е само она што вам ви се допаѓа.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...