Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ДИ ДЕЈ

Совршен make up за најубавиот ден во вашиот живот

Секоја невеста ќе се потруди на денот на венчавката да изгледа совршено. Еден од најважните фактори, за добар стајлинг е секако шминката. Пред да одлучите дали ќе се препуштите на раката на професионалците, сестрата или другарката или ќе се нашминкате сами, еве неколку совети на што би требало да обрнете внимание.

Голем број на невести најубаво изгледаат со природна шминка. Според тоа, најсигурно е да користите помалку шминка.

Доколку вашата венчавка почнува во дневниот термин, немојте да се нашминкате за да изгледате убаво вечерта, туку водете сметка како ќе изгледате на дневно светло.

Без разлика што користите водоотпорна шминка, водете сметка дека и таа ќе се размачка, особено ако очекувате да се разплачете. Ако носите наочари, шминката може да биде малку појака, но едноставна.

За вашата венчавка можете да се нашминкате на три начини. Класичниот стил бара црвен кармин и црно моливче на очите. Овој стил можете да го користите за прославата која ќе се одржи во ресторанот.

Невестите кои вообичаено не се шминкаат, би требало да играат на картата ‘’naturale look’’. Oдберете природна шминка која ќе ги покрие само вашите недостатоци. Овој стил идеален е за летна венчавка и венчавки на отворено.

Ако сте една од оние кои ја следат модата секоја сезона, и вашиот стил треба да биде по последни трендови. Но, тогаш најдобро е да се препуштите на рацете на професионалците.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement