Невестинската колекција на Rosa Clará 2015 оддава почит на филмските хероини кои имаа влијание на модата низ децениите: од Грејс Кели до ѕвездите во Сексот и Градот, Одри Хепберн во Појадок кај Тифани, до Ени Хол на Вуди Ален. Колекцијата, која беше претставена на Невестинската модна недела во Барселона, вклучува голем број на кратки и долги стилови од природни материјали. Скапоцените камења и модерниот допир ги надополнуваат едноставните форми, додека неверојатните деколтеа додаваат драма на романтичната чипка.










You must be logged in to post a comment Login