• Сподели на:

Планирајте брак не венчавка: 5 работи кои секоја идна невеста мора да ги знае пред свадба!

___

Девојките се опседнати со организирање на венчавката, но невестата мора да знае дека тоа ќе помине за секунда.

Планирање на венчавка е многу повеќе од договор со цвеќари, нарачување на колачи и бирање на венчаница. Секоја идна невеста пред да влезе започне со подготовка на венчавката мода да ги знае овие пет работи.

Бидете шеф на вашата венчавка

Ова не значи дека треба да го игнорирате идниот сопруг. Тоа значи дека вие двајца морате да се здружите заедно и заедно да ги игнорирате желбите на другите луѓе поврзани со вашата венчавка. Ова е само ваш ден. И што е најлошо, ќе помине побргу одколку што ќе приметите. Најдобра невеста е онаа која не дозволува стресот да ја уништи. Останете мирни.

Запрашајте се “Што ако…”

Многу парови ја играат оваа игра која се вика “Што ако”. Функционира така што седите заедно и се прашувате: “Што ако не можеме да имаме деца?”, тогаш ќе ги разработите сите стратегии за тоа. Истото важи за било која област од животот. Работа, стан, куќа… Нема граници кај оваа игра. Ова е одличен начин да ги решите своите дилеми.

Одберете ги најстабилните пријатели да бидат покрај вас на денот на венчавката

Работата на овие пријатели е да ви бидат при рака ако нешто тргне наопаку.

Поминете повеќе време во играње на брак одколку венчање

Венчавката трае еден ден, а бракот цел живот. Бракот бара многу повеќе планирање од венчавката. Затоа посветете се на тоа.

Држете се до буџетот

Еден од најголемите проблеми на младите брачни парови е усогласување на буџетот по венчавката. За подобро да го направите тоа кога ќе влезете во брак, морате да штедите за денот на венчавката. Држете со вашиот буџет при бирање и организирање.


Оставете коментар

___