Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ДИ ДЕЈ

Нека и вашата венчавка биде како од бајките

Повеќето дами, уште од раното детство, сонуваат за својот принц и венчавка од бајките. Но, времињата се менуваат и вие се менувате, но тоа не значи дека на себе не можете да си дозволите венчавка за помнење.

Кога е во прашање шминката, заборавете на традицијата и внесете малку промена. Бидете храбри и одлучете се за “Smokey eyes” и црвени нокти. Меѓутоа не морате да претерувате. Бидете умерени.

Што се однесува до изборот на венчаница, можете да изберете фустан со боја на шампањ, златна или некоја над колена, а можете и во некоја боја. Доколку сте одбрале венчаница во една нијанса украсете ја со школки или на појасот ставете некои весели бои. Што се однесува до материјалот, бирајте елегантно.

Фризурата, како и украсите за коса, треба да бидат интересни и впечатливи. Косата пуштете ја или закачете, онолку колку да ја тргнете од лицето за да не ви смета во текот на денот. Не заборавајте да ставите во косата и некој интересн детаљ.

Тортата одберете ја според својот вкус, но водете сметка за таа навистина да биде вкусна.

Ако се одлучите за едноставна венчаница, кога ќе бирате букет, потрудете се да ја разбиете монотонијата. Нека вашиот бидермаер биде од полско цвеќе, без вештачки листови, шлокици и бисери.

Организирајте ја венчавката така што сите настани ќе бидат на едно место, за да не морате да се возите до општина, па до ресторан. Најдобро е венчавка во природа каде што ќе повикате матичар.

Списокот на гости составете го сами, бидејќи ако вклучите уште некој од фамилијата, веројатно е дека ќе треба да повикате повеќе луѓе одколку што сте планирале. Вашиот најважен ден во животот треба да го поминете со луѓето кои навистина ви се драги.

Бендот изберете го во зависнот од тоа каква атмосфера сакате. Наместо првиот танц да биде со валцер, смислите некоја кореографија која ќе ги воодушеви гостите, бидејќи ќе биде необична.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement