• Сподели на:

Листа на подароци за вашата венчавка

___

Се е спремно за вашата венчавка. Овој прекрасен ден се приближува, а сите знаеме дека ќе добиете и голем број на поклони. И ова е веќе познато сценарио: Драга, добивме уште еден миксер!!! Старо добро правило е дека доколку некому не поклонете телевизор – исто како ништо да не сте поклониле. За ваша среќа, традиционалниот начин на давање поклони веќе не постои. Тоа е најчесто поради фактот што 80% од денешните парови уште пред венчавката веќе живеат заедно. Денес најчесто се прават листи на подароци со што на сите би им било полесно. Меѓутоа, мора да бидете подготвени дека и покрај посакуваните подароци кои се наведени во листата сепак можете да добиете и неколку работи кои не се наведени.

Lista-poklona-za-vase-vencanje-2

Но, што ако вие двајца веќе живеете заедно во убаво среден дом кој сте го опремиле со сите потребни работи и навистина не ви требаат нови ситници. Можеби ова е можност да ви уплатат за меден месец или за продолжување на медениот месец на некое егзотично место? Или ова е идеална можност да ја средите вашата градина?

Со цел се да биде во најдобар ред и по план, имаме за вас пет клучни совети кои сигурно ќе ви помогнат да ја испланирате листата на подароци.

Lista-poklona-za-vase-vencanje-3

1)      Приоритетни подароци

Изненадувањата се прекрасни, но на кого му требаат петнаесет тостери или дваесет блендери во еден ден. Бидете реални! Ова е апсолутно идеална прилика да добиете поклон кој навистина ви е потребен. Не очекувајте премногу но лажната скромност на никого му нема донесено ништо добро, па започнете да ја анализирате листата на гости. Потоа споредете со својата приоритетна листа на поклони која ја имате осмислено. Врз основа на тоа превземете ги работите во свои раце бидејќи ова е шанса да го добиете посакуваниот поклон.

2)      Контрола на ситуацијата

Обавезно прво разгледајте го својот дом пред да ја планирате листата на подароци. Може ќе се изненадите доколку видите некој детаљ кој требало да биде поправен, а вие сте го занемариле поради многу секојдневни обврски. Можеби навистина е дојдено времето за нова гарнитура. Тоа е дефинитивно многу важен дел од вашиот живот.

3)      Дуплирањето на подароците понекогаш претставува предност

Многу добро ги знаеме негативните последници од дуплирањето на податоци, но не мора секогаш да биде така. Неколку добри сетови на постелнина сигурно ќе ви дојде добро. Уште еден лаптоп претставува одлична работа, а зошто па да не и втор помал автомобил за низ град?! J

4)      Многу е важен пристапот

Доколку не сте сигурни за некој гостин колку е спремен да издвои за подарок, можете културно да го прашате. Изнесете ги вашите гледишта околу подароците за венчавката и кои се вашите планови, како и се што ви треба, а сето тоа направете го во опуштена амбиент и пијалок.

5)      Бидете благодарни

 Доколку покрај сите направени напори за внимателно да ја осмислите листата на подароци добиете некој подарок кој не сте го очекувале, сепак културно е и мора да се заблагодарите.

Pet-kljucnih-saveta-za-listu-poklona-1


Оставете коментар

___