Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ДИ ДЕЈ

Како да заштедите, а сепак да ја имате венчавката од вашите соништа

Планирањето на совршената венчавка подразбира безброј детали на кои треба да се обрне внимание. Со месеци, ако не и години, разгледуваме списанија за венчавки, блогови и Pinterest да ги најдеме деталите за она што еден ден ќе биде незаборавен ден. Често кога разговараме со оние кои веќе биле невести, велат дека постои барем една, ако не и повеќе работи кои посакуваат да можеле да ги знаат порано, или да ги направат поинаку. Ангажирање на планер за венчавки обично е надвор од буџетот на младоженците, па токму затоа се повеќе бараме на експерти кои можат да ни кажат некој совет како да заштедиме при организирањето на венчавката. Почнувајќи од фустанот, до цветните аранжмани, поканите и така натаму, овие совети се покажале навистина корисни за остварување на венчавка од соништата.

Декорации

• Отидете на пазар за антиквитети или second-hand продавници во кои ќе најдете уникатни и евтини парчиња декор. Исто така, разгледајте што имате низ дома а можете да го искористите за оваа намена. Не се плашете да направите декорации сами.

• Наполнете ја масата со свеќи. Купче свеќи во различни големини и бои не само што ќе ви ги намали трошоците за цветни аранжмани, туку и ќе создаде пријатна и романтична атмосфера за вашите гости.

• Не можете целата сала да ја украсите со големи, луксузни лустери? Изберете фокусни точки. Поставете ги лустерите над главната маса, околу просторот за играње или над масата за торта. На тој начин ќе има одредено место кое ќе се издвојува од останатиот простор и ќе додаде личен шмек на церемонијата без да направи огромна дупка во вашиот буџет.

paint-party-wedding-ideas-091

 

Цветни аранжмани

• Нместо да купувате нови вазни, најдете евтини стаклени држачи и шишиња, и обојте ги со освежителни и интересни бои за стакло. Само малку боја испрскана од внатрешноста на стаклото ќе придонесе за уникатен изглед на декоративните елементи.

• Одберете ги оние цвеќиња кои се карактеристични за сезоната. На пример, божурите се достапни за време на доцна пролет и почетокот на летото. За есенска свадба одберете обични рози кои се одлична замена која секако ќе даде убав и богат изглед за многу помала цена.

• Размислете околу тоа да посетите курс за цветни аранжмани кој ќе ви помогне сами да можете да ги искреирате главните декорации на масите.

• Заборавете на бидермаерот! Цветна алка околу зглобот чини многу помалку, а може да се носи во текот на целата венчавка.

 WRT005s

 

Храна и пијалоци

• Купете убава мала торта која ќе ја покажувате, но служете ги гостите од обична торта за чив изглед нема да платите огромна сума.

• Вообичаена заблуда е дека шведска маса е поевтина од служење порции во чинија. Всушност, кетеринг компанијата треба да обезвени многу повеќе храна за шведската маса да изгледа постојано полно, дури и за гостите кои доцнат. За да заштедите на менито, изберете послужување порции со предјадење и главно јадење, проследено со десерт.

• Намалете го бројот на гости до толку што ќе ви дозволи да направите најмногу со буџетот со кој располагате. Работите стојат вака: храната чини пари, а добрата храна чини уште повеќе пари. Истото важи и за цвеќето, просторот, послугата итн. Размислете дали сакате да обезбедите подобар квалитет за помалку гости, или да опфатите повеќе гости со иститот буџет.

• Планирајте ја големината на тортата како за 2/3 од бројот на гостите. Дури и тогаш ќе ви остане од тортата.

Хартија

• Прашајте за поевтини опции за печатење. Некои компании работат заедно со невестите така што тие само ја печатат хартијата, додека вие и вашите пријателки можете да се забавувате составувајќи ги поканите со машнички и украси кои сами можете да ги обезбедите.

• Обично печатење на полуксузна хартија дава добар квалитет и одличен изглед на поканата, а воедно е и значително поефтино од гравирање или пресуван текст.

• Хартиени цевки во различни бои и дезени се огромен хит на венчавките. Дополнително можете да искористите и шарен селотејп како екстра украс на цевката или пак обично стапче во вид на знаменце. Навистина е лесно, а изгледа многу интересно!

 n2wcre60

Други идеи за штедење

• Направете ја венчавката на невообичаен ден во неделата или сезоната. Саботите навечер во периодот од мај до октомври се најбарани за венчавки и затоа и најскапи. Ако сакате венчавка на затворено, размислете да ја направите прославата меѓу ноември и април. Ако пак сте решени за летна свадба, земете ги предвиде саботите преку ден, неделите или пак и некој друг ден во неделата.

• Размислете за невообичаено време и локација за церемонијата. Прослава во двор на зајдисонце проследена со танцување под ѕвездите,  пикник прослава парк или пак доручек со шампањско со поглед на Охридско езеро може да биде подеднакво прекрасно како и се друго. Ова ќе ви заштеди многу пари, а притоа ќе ви овозможи сосема уникатна прослава за вашата венчавка.

• Закажете си го фотографот веднаш штом ќе ги резервирате датумот и локацијата. Повеќето фотографи ќе ја направат резервацијата со цените на денот на договорот, иако вашата свадба може да биде и следната година. До тогаш не знаете колку можат цените да пораснат!

 sarah-kris-wedding

• Изнајмете такси наместо шофер специјално ангажиран за вакви прослави. Можете да користите и јавен градски превоз, да го окупирате целиот автобус и да го направите тоа дел од вашата приказна која секогаш ќе ја раскажувате.

• Не се плашете да кажете со колкав буџет располагате. Колку повеќе информации му дадете на оној кој ви ја организира свадбата, толку подобро тој ќе може да одговори на вашите барања. Цвеќарот може да ги предложи друг цветен аранжман кој е поевтин, а планерот да ги подеси неговите услуги на начин кој е во линија со вашиот буџет. Иако ретко кој ќе ви даде фиксен попуст, организаторите на свадби често се флексибилни во тоа што го нудат со цел да се прилагодат кон тоа што ви треба.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement