Стручњаците кажуваат дека бракот е работа, но најдобрата работа која може да ја добиете. Како и сите други тешки работи, бракот е вреден за трудот. Ако планирате венчавка а имате чуство дека во секој момент ќе експлодирате, вдишете длабоко, смирете се и продолжете со читање.
Како и да се осеќате, тој ќе биде секогаш до вас да ве прегрне, утеши, заспие до вас. И одма ќе ви биде подобро.
Само тој ве познава толку добро да знае да го прочита вашиот поглед кој кажува колку сте гладни, љути или тажни.
Кога сте болни, имате кој да се грижи за вас, да ви направи супа, лимонада, да ви донесе лекови, да ве носи на лекар.
Покрај него можете да бидете потполно свои. Можете да вриштите, скокате, цел ден да гледате цртани, да се однесувате како дете, а тој и покрај тоа ќе ве сака.
Имате со кого да ги поделите домашните работи. Вие ќе смукате, тој ќе мие садови. Вие ќе пеглате, тој ќе прави ручек. Можеби и не е некоја причина за брак, но со поделени обврски животот е полесен.
Каде и да треба да одите, имате со кого. Можеби нема секогаш да биде воодушевен од местата каде што го носите, но кога ќе ја види главната награда, нема да има никаков проблем.
Секогаш има кој да ве грее во креветот.
Не треба да плаќате психотерапевт кога го имате него. Во врска сте со најдобриот пријател, кој ќе ве сослуша, советува и ќе ви помогне. А тоа е непроценливо.


You must be logged in to post a comment Login