Класичниот црн фустан секако е проверено решение за секоја прилика, но многу дами се двоумат дали баш ова е прав избор за нечија венчавка.
Кога станува збор за венчавка, не е само кумата таа која се мисли што да облече. Денешните венчавки отстапуваат од традицијата, па така невестата не мора да носи бела венчаница, како што ни младоженецот не мора строго да биде во црно одело. Според тоа, зашто вие не би можеле да носите црн фустан? Токму тоа ќе ви ја даде неопходната елеганција.
Можете да се одлучите за краток или долг фустан, но при изборот на должината, внимавајте на местото каде што ќе се одржи венчавката. Ако е во прашање свечена сала во ексклузивен хотел, изберете долг црн фустан.
За да не бидете од глава до пети во црно, тука се кондурите ( црвените се одличен избор), ташна, обетки, ланче, елегантна марама, па дури и шминката.
Доколку сакате да играте, подобар избор ќе биде краток фустан. Со него најдобро ќе стои пуштена, благо виткана коса.

You must be logged in to post a comment Login