• Сподели на:

Чоколаден десерт за вашата венчавка

___

Како да одолеете на чоколадо? Наједноставниот одговор гласи: Никако! Штом се спомене чоколадо веднаш се започнува со темата за количината на јаглехидрати и вишок калории. Тоа во превод би можело да значи, помалку слатко задоволство доколку сакате да ја одржите витката линија. Но сепак, каква би била венчавката доколку не се најдат неколку префинети десерти и лепеза на колачиња, торти и останати слатки задоволства.

 2

Најголем дел од оние кои прават колачи и торти за венчавки, се инспирирани баш од чоколадото. Доколку сте “чокохолик“ и обожавате чоколадо, тогаш зошто да не си допуштите чоколадни колачи или сличен вид на десерт. Доколку сте талентирани и сакате сами да подготвувате колачи, ништо нема да ве спречи за да го направите тоа. Можеби во вас се крие геније кој од чоколадната торта за вашата венчавка ќе направи вистинско уметничко чудо од кое сите ќе бидат воодушевени.

Класично црно чоколадо одлично ќе се вклопи со останатите десерти. Не заборавајте дека не е чоколадо се што е темно! Постои и бело чоколадо, а колачи со бело чоколадо можат да бидат навистина фантастични, доколку се украсени со преубава декорација. Исто така, многу популарна е комбинацијата од овошје и чоколадо, па можете да се одлучите да пробате таков вид на десерт. Јагодите и малините се одличен избор…останува само да уживате во задоволството кое ви го носи чоколадото.

untitled


Оставете коментар

___