• Сподели на:

Бракот низ декадите : Предизвици и предности низ кои поминува секој пар

___

Во 20-те треба јасно да се каже што очекувате од иднината, 30-те се идеални за истражување на интимноста, а откако децата ќе го напуштат домот, треба да се работи на себе како пар.

beach-wedding-couple

Љубовта и заедничките вредности се работи кои ги поврзуваат паровите. Тие вредности би требало да бидат трајни, ама тоа не значи дека се останато нема да се промени. Всушност, вештото прилагодување е клучот на добриот брак, затоа што тоа значи дека партнерите растат и со саеднички сили ги решаваат проблемите кои доаѓаат, пишува Woman’s Day.

Брак во 20-те

Бидете отворени и јасни што сакате во иднината.
Пред влез во брак, паровите најчесто зборат за тоа каде ќе живеат, колку деца ќе имаат и на што ќе ги потрошат парите, ама ретко се спомнуваат сериозни теми за кои знаат дека можеби нема да се сложат околу нив. Меѓутоа, кога ќе се одлучат за тој чекор, треба да бидат прецизни и отворени за своите планови за иднината, тврди американската брачна терапевтка Lisa Bahar.

Ако на пример сакате да го продолжите школувањето, а се плашите дали вашиот партнер ќе ве подржи, треба тоа одма да го кажете. Такви работи не треба да се потискаат бидејќи може да да се појави недоразбирање.

Решавајте ги проблемите како пар.

Проблемите не се решаваат сами и тоа е многу важно да се разбере. Со тоа младите брачни парови најчесто имаат проблеми бидејќи се навикнати сите проблеми да ги решаваат сами. Во решавањето на конфликти најдобро е да се каже : “ Мислам дека имаме проблем, го гледаш ли и ти тоа? “ – тоа ќе му даде простор на партнерот да ја подели својата загриженост, препорашува терапевтот.

Брак во 30-те

Уживајте во сексот.

Во 30-те партнерите најчесто точно знаат што сакаат, што е воедно и одлична прилика за поголема интимност. Важно е на партнерот да му дадете до знаење дека го посакувате. Бакнувајте го со страст секој ден и напомнете му дека не можете без него. Тоа ќе го одржи пламенот на страста, советуваат брачните терапевти.

Исто треба да се поработи и на сексуалниот живот. Рутината може лесно да ја уништи страста, затоа треба да се вложи напор за да се одржи страста на исто ниво како и на почетокот, кога се се чинеше толку едноставно. И покрај брзиот начин на живот и недостигот на време, за секс, секогаш треба да се најде време. Тоа би требало да е уживање е не обврска.

Флексибилноста е важна.

Колку во 20-те треба да се биде прецизен во своите планови, толку во 30-те треба да се биде флексибилен. Нормално е со текот на времето плановите и приоритетите да се менуваат, особено кога ќе дојдат децата. Тогаш е важно да се седне и поразговара, кои од тие планови сакате да ги остварите а кои ќе ги оставите за во иднина. Најважно е и двата партнери да бидат среќни, тврдат стручњаците.

Брак во 40-те

Здружете ја силата.

Во 40-те децата се најчесто веќе во тинејџерските денови и не е ни малку лесно да се справие со нив, тврди професорката по психологија Pepeer Schwartz од универзитетот Вашингтон. Партнерите се караат заради нив, а не ретко ја префрлаат вината од еден на друг поради пролблемите. Токму тоа е погрешен чекор, додава професорката. Важно е да се здружите, и да ги носите одлуките заедно. Тоа ќе ги спречи децата да манипулираат со вашите одлуки.

Заштитете го својот брак.

Децата кога ќе пораснат, почнуваат да ја бараат својата слобода, што може да биде многу тешка ситуација за бракот. Партнерите може да го посакаат истото затоа што се осеќаат “заробено” во врската. Може да се потсетат како им било некогаш кога биле сами, и тоа чуство може да ги понесе. Важно е за тоа да разговарате со партнерот и да не дозволите работите да отидат предалеку.

Брак во 50-те

Помага и брачна терапија.

Долгите заеднички години не се гаранција за успех, затоа не треба да се изненадите ако комуникацијата одеднаш стане тешка. Партнерите се навикнати толку еден на друг, што веќе претпоставуваат што другиот зборува, наместо навистина да слушаат. Ако ни активносто слушање не помага, не треба да се срамите да побарате помош од трета страна, како брачен терапевт. Тој може да помогне да се сетите зашто пред се и сте се заљубиле еден во друг.

Синдром на празно гнездо.

Откако децата ќе го напуштат домот, паровите едноставно не можат да се препознаат меѓусебно. Со години животот им се сведувал на грижа околу децата, па многу често се заборава како е да се биде пар. Всушност тоа е една од најголемите причини за разводи.

Ако се пронајдете во таква ситуација, почнете од мали чекори. Занимавајте се со активности кои не ги вклучуваат децата, за повторно да се поврзете и да разговарате за вашите чуства. Ако не знаете што со нив, побарајте помош, советуваат брачните терапевти.

Брак во 60-те и 70-те

Разменете нежност

Среќните парови не престануваат да разменуваат нежност, без разлика во која декада од бракот се, но тоа не значи дека ако убавите гестови престанале, не можете да ги вратите, тврди професорката Schwartz.

Дочекајте ја пензијата.

Иако паровите својата пензија ја замислуваат како прошетки на плажа, пред тоа треба да размислите колку е вашиот брак навистина среќен. Целодневно дружење, после толку години на работа може да биде доста тешко за бракот. Луѓето едноставно се одвикнуваат еден од друг, па таа промена може да им дојде како шок. Многу е важно во овие години да се пронајде хоби или некоја активност во која ќе можете да бидете среќни. Колку сте посреќни и задоволни од себе, толку ќе биде и партнерот.


Оставете коментар

___