• Сподели на:

4 начини како да ја прославите веридбата

___

Честитаме, верени сте! Но што сега? Постојат безброј начини, од оние мали, само вас познати, до големи журки. Еве неколку предлози кои би требало да ви помогнат пред да се уморите од озбилните планови за големиот ден.

Журка, журка

Било да сакате да отворите флаша од вашиот омилен пијалок со најблиските или целиот град, уверете се дека наздравувате со луѓето кои ви се навистина блиски.

Променете го статусот (и фотографијата на профилот)

Важно е ова да го направите откако ќе ги известите најблиските за веридбата. Вашата мајка сигурно не сака да дознае за овa од Facebook. Објавувањето на новиот статус и фотографии на друштвените мрежи еднакво е на викање на цел глас. Ако е така, имате право на тоа. Само нека биде направено со вкус.

‘’Насмевка’’

Професионалните фотографии од веридбата може не се вашиот свадбен стил, но ова е многу добра подготовка за тоа што следи. Опуштете се пред објективот и подобро запознајте го фотографот, со што ќе си ја олесните работата кога ќе дојде венчавката.


Оставете коментар

___