• Сподели на:

10 боженствени веначаници

___

Aко сте девојка, сигурно веќе имате испланирано  како треба да изгледа вашата венчаница од соништата, кога ќе дојде тој момент. Сирена, прерамки, корсет,  тесен,  „Пепелашка“… Има многу варијанти за да одберете фустан по ваш вкус.

Случајно  наидовме  на десет модели на  невестински фустани на Krikor Jabotian кои внесуваат нов нетипичен печат во невестинската мода.  Либанскиот моден дизајнер ги има направено првите чекори во модата во работилницата на Elie Saab, пред да формира своја модна куќа на само 23 години.

Тој става акцент на прво место на женственоста. Експресивните силуети се едно од средствата кои се користат, за да се истакне женската убавина. Комбинацијата од романтични сеќавања и сегашноста прави контемплација на овие фустани уште поблиску до едно надреално искуство. Секое негово дело потсетува донекаде на скулптура, експериментирајќи со волумен линијата и симетријата. Вистинска грациозност!

Се надеваме дека немате ништо против да ви го покажеме тоа изобилство на убавина и елеганција во наредните фотографии, а вие да ги споделите со нас, која од десетте венчаници ви е допаднала најмногу.


Оставете коментар

___