• Сподели на:

За седење во публика: цела војска ја подготвува Ријана за модна недела, како за настап

___

Гламурозната пеачка собрала цела толпа помошници околу себе, кои ја подготвуваат за појавувањето во публика на ревиите на Модната Недела во Париз.

rijana8

Познато ни е дека големите светски ѕвезди имаат свои екипи кои деноноќно ги пратат и внимаваат на нив, а еве како течеа подготовките на Ријана за следење на модните ревии од првиот ред. Како ќе изгледаат во публика, за ѕвездите е подеднакво важно како што е важен изгледот на сцена.

Имено, пеачката е голем љубител на модата и не ги пропуштила ревиите на најистакнатите модни имиња на актуелниот викенд на модата во Париз, а фотографијата со која се пофалила на Инстаграм покажува како се подготвувала за уживањето во ревијата на куќата Диор.

Гламурот е насекаде околу неа, а тоа како стојат нејзините гаќички проверува нејзиниот личен стилист, бидејќи не е мала работа да се провлече некоја грешка и гаќичките да се поместат.

Како што гледаме, Ријана има неколкумина во својата мала војска кои внимаваат на секој сантиметар од нејзиното тело.

rijana12

Подеднакво сериозно пеачката се подготвувала и за останатите големи ревии на најважното светско модно случување. Така, на ревијата која Карл Лагерфилд ја представил во име на куќата Шанел, се појавила во “свежа” комбинација од нивната претходна ревија.

Посебно интересно изгледала на ревиите на Жан Пол Готје, како и на Стела Мекартни. Истотака, блицевите на сите фоторепортери биле вперени во неа и на појавувањето на ревиите на Ланвин и Живанши, а во галериите под текстот погледнете го стајлингот на Ријана за секое од овие случувања:


Оставете коментар

___