Иако многу ја критикуваа Ана Винтур, поради одлуката на актуелната насловна на Vogue да бидат Ким Кардашијан и Кание Вест, првите податоци за продажбата се задоволителни- актуелното издание е едно од најпродаваните и моментално стои рамо до рамо со броевите на чии насловни се најдоа Бијонсе и Мишел Обама.
Се очекува актуелниот број да се продаде во 300 000- 400 000 примероци.
Изданието со Бијонсе на насловната кое во продажба беше во Март 2013, продадено е во 355 000 примероци, додека изданието кое на насловната страна ја имаше Мишел Обама е продадено во нешто помалку од 300 000 примероци.
Сепак потпаролот на ова списание изјави дека уредништвото некогаш не коментира податоци за продажбата. Ана Винтур неодамна се обиде да ја одбрани својата одлука да на насловната страна се стави славниот пар.
Таа изјави: ‘’Кание е прекрасен уметник и културолошки провокатор, додека Ким себе си обезбеди место во јавниот живот, а за тоа е потребно многу храброст.’’

You must be logged in to post a comment Login