• Сподели на:

Викторија Бекам: Бев предмет на потсмев на почетокот на кариерата

___

Викторија Бекам денес важи за една од најуспешните модни дизајнерки на светот, но таа открила дека нејзиниот пат до успехот не бил едноставен.

Во најново интрвју открила дека вложила многу труд за нејзината работа да биде сфатена озбилно, но и деак е огорчена од оние кои не сакале да и дадат шанса на почетокот на кариерата.

,,Долго време бев предмет на потсмев. И додека сите се смееа, јас ги поставив основите на она што денес го имам”, кажала некогашната спајсица, која помеѓу своите славни клиентки сега ги има Бијонсе, Миранда Кер, Рејџел Вајс и Ен Хатавеј.

Викторија додала и дека нејзината претходна популарност колку што и помгнала толку и и одмогнала додека ја градела кариерата во светот на модата.

,,Тоа е меч со две острици. Највредната работа кај популарноста е што сите ќе ви го слушнат гласот. Можам да привлечам внимание и не мора да зависам од рекламните кампањи. Но не сакам често да играм на таа карта. Подобро е да ја спуштам главата, вредно да работам и да се концентрирам на работата. Се трудам да контролирам колку сум видена. Не сакам да ме фотографираат секој ден. Мислам дека затоа донекаде популарноста ми помогна. Не сум сигурна. Морав да преживеам многу предрасуди и тоа е во ред”, кажал Викторија.


Оставете коментар

___